Зеленска во Давос: Украинците можат да издржат уште долго


Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, првата дама на Украина, Олена Зеленска се обрати во Давос и таа порача дека Украинците можат да издржат уште долго, ако успеаја една година да живеат во воени услови.

Украина бара уште оружје за да се избори со руската агресија. Зеленска денеска ќе зборува на 53. Светски економски форум во швајцарскиот град Давос. Ќе бара поддрпка за Украина. Таа во неделата за Си-ен-ен изјави дека и покрај руските ракетни напади, кои беа насочени кон енергетската инфраструктура и цивилни цели, Украинците сфатија дека ако успеат да „издржат една година, тие се способни да траат уште подолго“.

Откако почна војната, Зеленска говореше дека ретко се гледа со својот сопруг. Дел од европските земји ветија дека ќе испорачаат оружје за Украина. Полска најави испраќање на тенкови во Киев. Полскиот претседател Анджеј Дуда го критикуваше својот руски колега, велејќи дека Владимир Путин се однесува како колонијалист, објави CNBC.