Зелено околку варената жолчка: Дали треба да јадете вакво јајце?


Кога ќе забележите зелен круг околу жолчката, дали треба да јадете такво јајце или не? И зошто се случува таква промена на бојата? Сигурно сте го забележале тој детал барем еднаш по готвењето.

Зеленикаста или зеленикаво-сивата боја е визуелен доказ за железен сулфид, хемиско соединение кое се формира помеѓу жолчката и белката од јајцето. И настанува затоа што железото од жолчката реагира со водородниот сулфид од белките кога јајцето е преварено.

Вака подготвено јајце може да се јаде, пишува Huffington Post.

Зелениот прстен може да биде предизвикан и од големо количество железо во водата за готвење, наведува extension.umn.edu, каде исто така се истакнува дека зелениот прстен не е опасен по здравјето.

Меѓутоа, предолгото варење на јајцето ја влошува сварливоста на протеинот што го содржи и го намалува неговиот квалитет.

Ако сакате јајцето да биде меко сварено, ставете го во топла, но не зовриена вода, а потоа варете го околу четири и пол минути од моментот на вриење. Тргнете ги од оган и оставете ги да одморат една минута.

Никогаш не гответе јајца кога ги земате директно од фрижидер, туку почекајте додека не станат на собна температура.

Ако сакате тврдо варени јајца, тие треба да се варат осум минути од моментот кога водата ќе зоврие, пожелно е потоа да ги потопите во ладна вода, бидејќи така полесно се отстранува лушпата.