Здруженијата на дијабетичари бараат непречено функционирање на Центрите за дијабетес

Сојузот на здруженија на дијабетичари во Северна Македонија укажува на потребата од непречено функционирање на сите центри за дијабетес.Здружението бара од Министерството за здравство да создаде можност сите лекари и дијабетолошки сестри да имаат редовни закажани термини во центрите за дијабетес, бидејќи како што наведува во соопштение, сите овие пациенти имаат потреба од редовни прегледи и контроли.

– Согласно моменталната КОВИД-19 ситуација свесни сме дека одреден број пациенти не се во состојба за преглед со физичко присуство и за таа група пациенти ја поздравуваме можноста за издавање електронски рецепт, како што впрочем се одвива непречено процесот. На ваков начин се обезбедува континуитет во достапноста на потребната терапија, што е мандаторно за нашата добра здравтсвена состојба, наведуваат во соопштение.

Според Здружението, за квалитетна дијабетолошка грижа прифатлив минимум е во оние градови каде има неповолна епидемиолошка слика со КОВИД-19, е центрите за дијабетес да функционираат нормано (тим интернист/сестра) минимум три дена од пет работни денови со термини за редовни прегледи.

Во сите останати денови од работната недела дијабетолошките сетри треба да бидат на своето работно место во центрите за дијабетес.

Во оние градови каде што не постои влошување на ситуацијата со COVID-19 од СЗДСМ велат дека очекуваат центрите за диајбетес да функционираат непречено во тек на цела работна недела.

-Само заеднички со мегусебно разбирање но и со почитување на потребата секој здравствен проблем да добие адекватна медицинска грижа, ќе создадеме предуслови да имаме здрава нација, која секако ќе ни треба по зaвршувањето на оваа светска здравстена криза со COVID-19, посочуваат во соопштение.