„Здравствените пасоши“ во Британија значат безбедно враќање на работа


 

Властите во Велика Британија се во преговори со технолошки компании за изработка на „здравствени пасоши“ кои по пат на тестирање на корона вирус и технологија на препознавање лица, на жителите ќе им овозможат безбедно враќање на работните места.

Како што наведува лондонски „Гардијан“, биометријата на лицето може да биде користена за обезбедување личен дигитален сертификат – наречен и „имунитетски пасош“, за ублажување на влијанието кое на работата во стопанстовото го има задолжителното физичко оддалечување, превентивна мерка која ќе остане на сила и по најтешките рестрикции воведени поради пандемијата од корона вирусот.

Британската фирма „Онфидо“, специјализирана за проверка на идентитетот со примена на биометрија на лица, на владата веќе ѝ ги изложи деталните планови и учествува во низа разговори за решение за целата земја, а нејзините предлози може да бидат спроведени на дело во рок од неколку месеци, пишува весникот.