Здравствениот инспекторат ја испитува смртта на 12 пациенти со Ковид 19

Фото: Б. Грданоски

Денес Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе иницира стручен надзор до Министерството за здравство за работата на инфективното одделение во Штип, врзано за третманот на пациентката која почина. Од инспекторатот информираат дека бил извршен вонреден надзор во клиничката болница во Штип.

„Согласно констатираната фактичка состојба со решение му е наредено на директорот на здравствената установа веднаш да се состане Комисијата за следење на квалитет која ќе ја утврди фактичката состојба за спроведеното лекување на пациентката и околностите кои довеле до смртен исход“, се вели во соопштението.

Државниот здравствен инспекторат информира и дека стручни надзори за пациенти починати од ковид 19, за последните два месеца се иницирани и за пациенти од Свети Николе, два од Струмица и еден од Ресен. Во тек се инспекциските надзори за починатите пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка. Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ке бидат извршени и надзори за уште четири пациенти починати од ковид 19.

Според Министерството за здравство, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.134 и има колку 100 празни болнички кревети во Ковид-центрите.