Здравјето на Вучиќ не му е нарушено поради новинарите, туку од многу работа

Здравствената состојба на претседателот на Србија денеска е многу подобра, но ќе мора да го промени начин на живот и работа и редовно да зема терапија, вели министерот за здравство Златибор Лончар.

„Не му е нарушено здравјето поради некоја телевизија, новинар или прашање“, рече Лончар гостувајќи на ТВ Пинк, туку од премногу работа.

Министерот појасни дека Вучиќ добро реагира на терапијата која ја добил, и дека во петокот состојбата не била воопшто наивна, туку животозагрозувачка.

„Причина за неговото нарушено здравје е премногу работа и преголема борба да и биде подобро на Србија. Тој не се штедеше ни малку, се трудеше да стигне на секое место и да се бори за подобра Србија“, рече Лончар.

Констатира дека Вучиќ ја платил цената од тоа што го работел, затоа што здравјето му е нарушувано подолг период, затоа што „не мислел на себе, туку на Србија да ѝ биде подобро“.