„Збор, два за музиката“ со финскиот композитор Калеви Ахо


Фото: Б. Грданоски

Во Камерната сала на Филхармонија утре ќе се одржи вториот од циклусот разговори насловени „Збор, два за музиката“ на кој ќе говори финскиот композитор Калеви Ахо.

Како што соопшти Филхармонија, неговиот концерт за алт флејта и гудачи ќе ја доживее својата светска премиера на утрешниот концерт насловен Сеќавање на Б.Б.“.

Модератори на разговорот ќе бидат продуцентот и композитор Симона Гајдоска и композиторот и диригент Ангел Спироски.