Заврши уредувањето на паркот покрај булевар „АСНОМ“ во Аеродром


Град Скопје го заврши уредувањето на новата паркова површини во општина Аеродром по должина на булеварот „АСНОМ“ со вкупна површина од 27.000 квадратни метри, со соодветно партерно уредување, тревна површина, садници, летниковци и нова хидрантска мрежа за наводнување.

Градоначалничката Данела Арсовска изврши увид во уредувањето на новиот парк и новите пешачки патеки покрај булеварот „АСНОМ“ кои ќе го олеснат пристапот на граѓаните. Паркот го изведоа јавните претпријатија на Град Скопје ЈП „Паркови и зеленила“ и ЈП „Улици и патишта“, соопшти Град Скопје. 

Годинава Град Скопје изврши и целосна реконструкција на булеварот „АСНОМ“ од крстосницата со булевар „Србија“ до пристапната улица на Куќата на фудбалот, со што се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот.