Заврши соработката меѓу Алијансата и ВМРО-ДПМНЕ


 

Вчерашниот инцидент кај Старата чаршија во Скопје и инстантното разрешување на градоначалничката на на Скопје на директорот на „Комунална хигиена“, кадар на Алијансата за Албанците, доведе до прекин на соработката на опозициската партија со ВМРО-ДПМНЕ. Алијанса за Албанците соопшти дека ја прекинува соработката со, како што велат, сите политички субјекти кои не ја рефлектираат и запираат логиката на политичко профитерство со анатемизирање на Албанците.

Од Алијансата наведуваат дека вчерашните настани биле сценарио за напад врз Албанците од Скопје и нивните имоти.

„Контаминацијата и метастазирањето на Левица во ВМРО-ДПМНЕ, враќањето на заедничките сценарија на ДУИ и ВМРО како во времето на груевизмот, сега со поддршка и на СДСМ, се лесни за читање и неприфатливи за Алијансата за Албанците. Не дозволуваме да бидеме ниту дел, ниту жртва на вакви сценарија. Слично како и другите пати, Албанците и овој пат платија. А поените ги земаат ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Како резултат на последните случувања, ја прекинуваме соработката со ВМРО, не дозволувајќи повеќе да се навредуваат Албанците“, велат од партијата.