Заврши кризната состојба во Дебар и Центар Жупа


Минатиот викенд, 11-12.04.2020, заврши кризната состојба на териториите на општините Дебар и Центар Жупа, а на денешната седница Владата на Република Северна Македонија, по предлог на Главниот координативен кризен штаб, реши да се укинат сите дополнителни мерки предвидени за територијата на споменатите две општини кои беа на сила спрема акцискиот план подготвен на самиот ден, 13.03.2020, на стапување на сила на кризната состојба, прогласена за времетраење од 30 дена.

Од денешен ден за Дебар и Центар Жупа на сила се само мерките кои важат за територијата на целата држава.

– Од епидемиолошки аспект, воведувањето на кризната состојба придонесе во последните 10 дена, да немаме нови случаи на заразени лица со коронавирус. Досегашниот биланс, се надеваме конечен, е следен: Од 49 потврдени пациенти со КОВИД-19 – 16 се излечени, 4 починати, за 8 се чекаат резултатите од второто тестирање, 29 пациенти се на домашно лекување – рече Агрон Буџаку, директор на ЦУК.

Тој се заблагодари на медицинските лица, како локалните, така и тие дојдени на испомош од другите делови на државата за се што направиле и прават за граѓаните на Дебар и Центар Жупа.

– Јавно би ги пофалил локалните власти предводени од градоначалникот на град Дебар, Хекуран Дука, инаку по професија доктор, кои, во тесна соработка со подрачните единици на централните институции, цело време беа максимално ангажирани за ефикасно справување со ситуацијата. Преку Општинскиот кризен штаб и максималната поддршка на  постојаниот штаб на подрачната единица на Центарот за управување со кризи, секојдневно бевме информирани за се што се случуваше – рече Буџаку.

https://youtu.be/ItnS5zHpWKk