Заврши гласањето за парламентарните избори во Унгарија


 Во 19 часот официјално заврши гласањето за парламентарните избори во Унгарија. Во Будимпешта се гласаше во 3.154 избирачки места и 23 области, јави агенцијата МТИ. Резултатите од изборите ќе бидат објавени кога ќе се пребројат гласовите во сите изборни единици.

Излезноста на парламентарните избори  до 15 часот беше 52,75 отсто од запишаните избирачи, а очекувањата се таа на крајот да изнесува 7о отсто, факт што од Фидес веќе го прогласија како победа на демократијата во земјата. Излезноста на претходните избори пред четири години беше 53,46 отсто, а во 2014 година околу 45 отсто.

На изборите во Унгарија актуелниот премиер Виктор Орбан ќе се обиде да го освои четвртиот последователен мандат. На изборите во Унгарија актуелниот премиер Виктор Орбан ќе се обиде да го освои четвртиот последователен мандат. Орбан  по гласањето на парламентарните избори во Унгарија, рече дека е убеден оти нивните противници „не ја чувствуваат тежината или сериозноста“ на ситуацијата и дека можат „да преземат чекори кои би можеле да ја вклучат Унгарија во конфликтот, пренесува агенцијата МТИ.

„Тоа би било трагично за Унгарија“, рече Орбан, додавајќи дека партијата Фидес има за цел да го спречи тоа.

Кандидат на опозицијата за премиер е Петер Марки-Зај, кој во моментов е градоначалник на Ходмезевашархел, град во јужна Унгарија.Коалицијата Обединети за Унгарија, која обединува шест опозициски партии со широк политички спектар – од либералите, преку центарот, до десното крило, ги здружи силите за да ја собори десничарската Фидес.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) испрати мисија за набљудување на изборите во Унгарија, вклучувајќи 18 долгорочни набљудувачи и 200 други на денот на изборите.