Завршено поставувањето на топловодот под мостот „Беласица“, деновиве очекувајте прекини


Фото: Б. Грданоски

За помалку од два месеци, АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина успешно го завршија поставувањето на новите цевки на топловодот под мостот „Беласица“.

Со ова, топловодот ќе биде ставен во функција во најкус можен рок, обезбедувајќи стабилна и сигурна испорака на топлинска енергија за тековната грејна сезона.

Во завршната фаза, новоизградениот топловод ќе се поврзе со постоечкиот систем за дистрибуција на топлинска енергија, па за време на поврзувањето и ставањето во функција, можно е привремено прилагодување на квалитетот на испораката во попладневните часови за мал дел од корисниците.

Новите раководства на ЕСМ Дистрибуција на топлина и АД ЕСМ брзо и ефикасно ги надминаа сите предизвици, преземајќи ургентни мерки и плански активности за надминување на пречките што го забавија зафатот. Реализацијата на оваа активност е уште една потврда за решителноста и посветеноста на новите раководства на компаниите кон унапредување на енергетската инфраструктура и обезбедување на стабилна и сигурна услуга за сите потрошувачи.