Затворски полицаец од затворот во Штип заразен со корона вирус

– Затворски полицаец, кој девет дена не бил на работа во Затвор-Штип е инфициран со Ковид-19. Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров за МИА вели дека бројката на позитивни случаи во оваа институција се искачи на пет.

Заразени се сега двајца затворски полицајци, лекар, стоматолог и еден осуденик. Здравствена состојба на деветмината осуденици е добра и од изолација излегуваат утре, а останатите двајца, кои имале контакт со здравствените работници во изолација ќе останат до 20 октомври.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека вчера покрај новиот случај во Затворот имаат и позитивни случаи во новиот штипски текстилен кластер и нивни контакти. Епидемиолозите дневно земаат од 20 до 30 брисеви.