Затвореник ја претепал сопругата , запалил облека и ги зел децата


Фото: Б. Грданоски

Во неделата,  во 21.30 часот во СВР Скопје, 27 – годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Б.(29), кој моментално издржувал затворска казна во Казнено – поправна установа Затвор Идризово.

Според пријавеното, тој со запалива течност и запалил дел од облеката, по што ги зел децата и заминал од домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.