Затвореник им избегал на чуварите од Идризово


Пред неколку часа затворник од Идризово избегал при транспорт од комплексот Клиники кон Идризово. Се работи за Фидан Асани, осуденик на 7 години казна затвор за сторени кривични дела предизвикување општа опасност, насилство и за криумчарење мигранти.

Бегството  го сторил токму кај средното училиште Михајло Пупин, каде затворските чувари застанале во близина на бензинска станица во населбата Автокоманда да купуваат сендвичи со плескавици во киоскот. Бегството Асани го извел сам. По него сега повторно трага полицијата. Од МВР веднаш излегле на терен да го расчистат случајот.