Короната ја затвори границата меѓу Албанија и Косово до 15 март

Фото: Б. Грданоски

Косово– Косовскиот Национален центар за менаџирање на границата (ЌКМК) објави дека од утрово во шест часот е забранет влезот на граѓани и возила од Косово во Република Албанија, како дел од мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на ЌКМК се наведува дека таквата одлука ја донела Владата на Албанија и истата ќе важи до 15 март во 24 часот.

– ЌКМК информира за мерките кои се преземени од страна на властите на Република Албанија, што се однесува на граничниот промет кон Република Албанија. Почнувајќи од 13.03.2020 во 06.00 часот, се забранува влезот на територијата на Република Албанија за сите граѓани / возила од Република Косово. Ќе се дозволи влезот само на здравствените возила / итната помош, комерцијалните возила (тие што превезуваат стоки) и владините возила. Мерката ќе трае до 15.03.2020 во 24.00 часот, се вели во соопштението доставено до медиумите во Косово.

Во Албанија досега се потврдени 23 случаи на заразени со смртоносниот коронавирус, од кои еден почина, додека во Косово засега официјално нема ниту еден носител на вирусот.

Фото: Б. Грданоски