Затворена проекција на „Бомбшел“ : Никол, Шарлиз и Марго се кралици на стилот


САД- Eден од најочекуваните филмови во Холивуд е дефинитивно „Бомбшел“ (Bombshell), контроверзната драматизација на Џеј Роуч за настаните околу падот на озлогласениот мозок позади „Фокс њуз“, Роџер Аилс , чија прва проекција зад затворени врати се одржа викендов во Лос Анџелес.

Покрај добрата приказна, она што е интересно во однос на филмот е тоа што се појавуваат некои од најдобрите актерки на денешницата кои истовремено се неверојатни стилски икони.

Станува збор за Никол Кидман (52), Марго Роби (29)  и Шарлиз Терон (44) кои ги толкуваат трите главни улоги во филмот на кој му претстои блескава иднина.

На проекцијата на филмот во ЛА тие пристигнаа во едноставни, но стилски и супер впечатливи стајлинзи кои се како создадени за оние моменти кога сакате да блеснете.

Никол и Марго во бело, Никол во елегантен бел костим во комбинација со црно – бела кошула на пруги и впечатливи чевли во темно жолта нијанса, а Роби во бел комбинезон од нежен лен со длабоко деколте и едноставни црни сандали на висока потпетица.

Шарлиз Терон овојпат комбинираше плисирано здолниште во темно кафена нијанса со долго црно палто кое дополнително го истакна со тенок ремен на половината.

Неодамна објавениот тејлер за „Бомбшел“ открива како филмот ги трансформира Кидман и Терон во две од најпознатите водителки од телевизијата… и тоа е прилично драматична трансформација.Шарлиз Терон како Мегин Кели, Никол Кидман како Гречен Карлсон и Марго Роби како Кејла Посписил (фиктивен лик во кој се претопени неколку ликови за потребите на филмот) во „Бомбшел“.

Со премиера закажана на 20 декември, во филмот Кидман ја глуми Гречен Карлсон, чија тужба за сексуално вознемирување во 2016 година започна да ги врти тркалата што на крајот ги турна Аилс од врвот (Аилс во филмот е портретиран од Џон Литгоу, кој не се појавува на промотивното видео). Терон ја игра Мегин Кели, тогашната суперѕвезда-тв водителка која ја запечати судбината на нејзиниот шеф, кога го додаде свој глас на последователниот хор на жени со приказни за злоупотребата на Аилс. Исто така, во трејлерот е и Марго Роби како соработник на продуцентот на „Фокс њуз“, Кејла Посписил.