Затворен за сообраќај крак на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода

Град Скопје ги информира граѓаните дека поради градежни активности за поставување попречна решетка за прифаќање атмосферски води, од денеска па во наредните 10 дена комплетно ќе биде затворен за сообраќај кракот на улица „Христо Татарчев“, на потегот од „Енергосистем“ до новиот кружен тек.

Целокупниот сообраќај од Припор и кон Припор ќе се одвива по споредната улица, околу објектот на „Енергосистем“.

Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Ги замолуваат сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.