Застрелан 11-годишник во Ротердам. Уапсени шест малолетници, најмладиот има 12 години

Полицијатаво холандскиот град Ротердам оваа недела уапси шест малолетници, откако 11-годишно момче беше пронајдено застрелано и во критична состојба во стан. Малолетниците се осомничени за обид за убиство, соопшти вчера холандската полиција, а пренесува Телеграф.
Според холандските медиуми, апсењата се извршени во последните три дена, а осомничени се момчиња на возраст од 12, 13 и 15 години од Ротердам, 14-годишно девојче од Ротердам, 14-годишно момче од Марсберген и 16-годишно момче од Еншеде.
Не се исклучени натамошни апсења.
Малолетниците по истрагата станале осомничени, а дел од нив ѝ се предале на полицијата, пишува Telegraaf. Како што се дознава, полицијата не ја исклучува можноста за дополнителни апсења. Освен тоа, тие се осомничени и за поседување огнено оружје и муниција.
„Секој осомничен е испрашуван поединечно за неговата улога во овој инцидент“, соопшти полицијата.
Сите малолетници кои беа уапсени се во притвор и денеска и утре ќе бидат изведени пред истражен судија во Ротердам, кој ќе одлучи дали ќе им го продолжи притворот. Веднаш по инцидентот, полицијата пронашла огнено оружје на тревната површина во близина на станбената зграда, пренесува Telegraaf.
Префрлен во болница во критична состојба
Момчето морало да биде реанимирано и однесено во болница во критична состојба. Што точно се случило на местото на злосторството сѐ уште е нејасно, но полицијата утврдила дека 11-годишното момче било застрелано. Неговата состојба сѐ уште е сериозна.
Истрагата на Telegraaf откри дека младите во станот, каде што се пукало, биле дел од група многу млади рапери „дрил“ кои правеле проблеми во соседството, заплашувајќи, а постојао им се заканувале на другите. Нејасно е дали жртвата била вмешана и во „дрил“ рап.
Рап „Drill“ е поджанр на хип хопот кој се разви во Чикаго во раните 2010-ти, а подоцна се здоби со светска популарност, особено во Обединетото Кралство. Се карактеризира со агресивен, често мрачен тон, со стихови кои обработуваат теми за насилство, криминал и живот во проблематичните населби.