Застрелал домашни животни на соседот, а нему му се заканувал


Во петокот, околу 13.30 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Истибања, Виничко, Д.Т.(53) од истото село испукал два истрела со дијаболи од воздушна пушка „Норика титан“ и застрелал домашни животни, сопственост на С.И.(56).

Според пријавата, после тоа Д.Т. му се заканувал на С.И.. Полициски службеници излегле на местото и било констатиранод дека Д.С. пукал неовластено од пушката која со потврда ја поседувал неговиот син.

Пушката била одземена заедно со кутија со седум дијаболи калибар 4,5 мм. Д.Т. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.