Застрашувачки момент снимен пред трагедијата: Девојка (19) се одврзува од падобран

Видео од 30 секунди прикажува девојка во костим за капење како лета со падобран прикачен на глисер. Во еден момент, таа почнува да ги одврзува безбедносните појаси, а потоа паѓа во морето од висина од околу 50 метри.
По падот, девојката е пренесена во градската марина, каде што екипата за итни случаи можела само да ја потврди нејзината смрт.
Имено, како што објавивме вчера, деветнаесетгодишна девојка од Нови Сад, Србија го загуби животот во Будва, Црна Гора, при несреќа за време на парасејлинг. Според црногорскиот портал Vijesti.me, младата жена паднала од висина од околу 50 метри во морето, откако се откачила од сајлата со која била прикачена за падобранот.
Полицијата сè уште го истражува овој случај, и не е јасно зошто девојката во еден момент почнала да се одврзува. Според некои толкувања, можно е девојката да имала напад на паника. Луѓето кои се наоѓаат во таква состојба можат да го изгубат чувството за реалност. Сепак, сè уште не е исклучено дека станува збор за самоубиство.
Нејзините пријатели низ солзи ја коментираа трагедијата за Блиц.
„Беше прекрасна, секогаш насмеана. Потекнува од хармонично семејство, сите сме во шок. Немаше ништо што укажуваше дека ќе си наштети“, рекоа тие.