Застаре и делото на Бучковски за тенковските делови


Застаре и делото на поранешниот премиер и  поранешен министер за одбрана Владо Бучковски во предметот „Тенковски делови“.

„На денешното рочиште по предметот “Тенковски делови” јавниот обвинител во завршен збор изврши прецизирање на обвинителен акт, по што настапи застареност на кривичното гонење“, објави Коалицијата сите за правично судење која ги мониторите судските процеси. Од таму наведуваат дека одбраната сепак побарала да даде завршен збор на следното рочиште кое се закажа за ден 22.11.2019 година.

Обвинителството за организиран криминал во јули 2007 година поднесе обвинение против Бучковски и ексначалникот на генералстаб на АРМ Методиј Стамболиски и неколкумина вработени во министесртвото за одбрана за злоупотреба на функциите, за резервни делови за армиските тенкови со кои причиниле штета од околу 150 милиони денари или 2,5 милиони евра.