Засилувањето на Ливерпул најдобар играч во Португалија за минатата сезона


Засилувањето на Ливерпул, Дарвин Нуњез, е прогласен за најдобар фудбалер во Португалија за сезоната 2021/22.

Нуњез постигна 26 гола на 28 натпревари во дресот на Бенфика.

Дваесет и тригодишниот уругвајски репрезентативец го освои првото место во анкета меѓу главните тренери и капитените на тимовите од португалската лига.

Во минатото првенство Нуњез 11 пати беше прогласен за најдобар играч на натпревар.

Ливерпул и Нуњез во средината на јуни потпишаа договор тежок 75 милиони евра +25 милиони евра бонуси.