Засилен северен ветер вечерва и утре, на планините услови за слаб снег

Фото: Б. Грданоски

Поради продор на студен воздух од крајот на денов и утре ќе дува засилен северен ветер. Од ноќеска на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег, а понекаде во котлините за појава на краткотраен дожд.

Времето утре изутрина ќе биде студено и ветровито. Преку денот ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на поголемите височини. Во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег, а понекаде во долините е можен слаб дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус 5 до 3, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер. Во некои повисоки делови од регионот ќе има провејување на слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

Од недела времето повторно ќе биде стабилно, но со пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под минус 5 степени.