За што сѐ можете да го користите омекнувачот за алишта?


Многумина го сакаат мирисот на омилениот омекнувач, но не знаат дека овој производ можат да го користат и за други цели.

Еве неколку одлични трикови за да ја одржувате секоја соба свежа и секоја површина чиста, користејќи омекнувач:

Наполнете шише со спреј со омекнувач и вода во сооднос 1:3 и испрскајте ги завесите и теписите, а на овој начин можете да ја освежите и внатрешноста на автомобилот.

Ги отстранува старите тапети

Полно капаче омекнувач измешајте со 4 dl вода, натопете го сунѓерчето и оставете го да отстои 30 минути, а потоа со него премачкајте ја тапетата.

Ги обновува четките

Измијте ги четките за фарбање и чистење алишта во 2 литри вода со капка или две омекнувач и тие ќе бидат многу помеки.

Ги отстранува водените траги

Додадете 1/2 чаша омекнувач во 1/2 чаша топла вода и испрскајте ја површината. Исчистете со сунѓер и оставете да се исуши. Дамките треба веднаш да се избришат и нема да остане хемиски мирис.

Спречува акумулација на прашина

Истурете две капки неразреден омекнувач на мека крпа и избришете ги телевизорот и компјутерот. Ова ќе го елиминира статичкиот електрицитет, па уредите ќе собираат помалку прашина.

Сјајот на стаклената површина

Истурете сооднос 1:4 омекнувач и вода во шише со распрскувач. Испрскајте ги со мека крпа и избришете ги прозорците, тушот, огледалата, а потоа избришете ги со сува крпа.

Ги омекнува теписите

За да ги растерате влакната и да го освежите мирисот, измешајте топла вода и омекнувач, испрскајте го тепихот, оставете неколку минути и измијте со средство за чистење теписи на пареа. Важно е добро да го измиете ако имате мали деца или животни.