Засадени 287 дрвца во Општина Карпош


Општина Карпош ја заврши пролетната акција за садење нови израснати дрвја во повеќе урбани заедници: Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Тафталиџе, Нерези, Бардовци и Козле. Засадени се вкупно 287 садници, меѓу кои јасен, јавор липа…

– Дополнително, во изминатиов период хортикултурно се уреди и платото кај Порта Влае, во Карпош 3, како и дворот на градинката „Мајски цвет“ (Тафталиџе 2) и дворот на новата градинка „Виножито“ во Бардовци, соопшти Општина Кисела Вода.

Локалната самоуправа информира дека остануваат на определбата постојано да се зголемува зеленилото во Карпош, плански и рамномерно, во сите урбани заедници.