Засаден најголемиот црвен дрворед во Карпош


 Во Општина Карпош, долж булеварот „8 Септември“ засаден е најдолгиот црвен дрворед, со повеќе од 100 листопадни дрвја и 1.100 нискостеблести садници.
 
Градот Скопје интензивно се грижи за надоместување на изгубеното зеленило. Со новиот начин на работа, пешачките и велосипедските патеки се одвојуваат со коридор од ново зеленило, со што се придонесува за поголеми зелени површини и во должина на најфреквентните сообраќајници.Новите живи огради, жардиниери придонесуваат и за апсорбирање на прашината, како и намалување на бучавата во урбаното јадро.
 
Во есенската акција на Градот се садат и нови 15.000 висококвалитетни садници, на територија на сите општини. Се вложува и во нови зелени скверови, кои на населбите им даваат нова вредност, а на граѓаните простор за спорт и рекреација.