Зариф: Трамп се надева дека ќе го постигне она што Александар велики и Џингис Кан не успеаја


Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф го критикуваше претседателот на САД Доналд Трамп поради твитот во кој се заканува дека актуелниот конфликт „е официјален крај на Иран“.
Зариф во својата порака на Твитер напиша дека Трамп бил „турнат“ во „геноцидни забелешки“, пренесува АП.
Зариф наведува дека Трамп се надева оти ќе го постигне тоа што Александар (Велики), Џингис (Кан) и другите агресори, не успеале.
„Иранците со милениуми опстојуваа додека сите агресори исчезнуваа“, додаде Зариф.
Твитот го завршува со зборовите: „Обидете се со почитување – тоа успева!“