Зариф: Иран никогаш нема да користи нуклеарно оружје


Иран никогаш нема да користи нуклеарно оружје, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.

Тој потсети дека САД користеле нуклеарно оружје во минатото, но се осврна и на неодамнешната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп дека го откажал нападот врз Иран поради тоа што би резултирал со смрт на 150 лица.

– Дали навистина сте биле загрижени за 150 луѓе? Колку луѓе убивате со нуклеарно оружје? Колку генерации избришавте со тоа оружје”, праша Зариф.

Тој истакна дека Иран, поради верските верувања, никогаш нема да користи нуклеарно оружје.