Зариф ги обвини САД дека лажат за соборениот дрон


Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф рече дека тврдењата на САД дека Иран соборил нивен дрон во меѓународни води се лага и најави дека Техеран тоа прашање ќе го изнесе пред Обединетите Нации.

– САД водат економски тероризам против Иран, спроведоа прикриена акција против нас и влегуваат на наша територија. Не сакаме војна, но ревносно ќе го браниме нашето небо, копно, вода, напиша Зариф на Твитер.

Тој додаде дека Техеран ќе ја изнесе „оваа нова агресија пред ОН и ќе покаже дека САД лажат за меѓународните води“.