Зариф: Американското Министерство за финансии е „управник на затвор“


Американското Министерство за финансии е „управник на затвор“, напиша на Твитер иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, само еден ден откако Вашингтон ги прошири санкциите кон одредени ирански лица и компании со цел да го „задушат криумчарењето на иранска нафта“.

Канцеларијата за контрола на странските средства од државната благајна, (ОФАК), не  е ништо друго освен управник на затвор: ќе побарате одложување, ќе ве фрлат во самица заради горделивост. Прашајте повторно и можеби ќе завршите на бесилка, напиша Зариф на својот налог на Твитер.

САД вчера на црната листа ставија мрежа од фирми, бродови, поединци, „нафташи за тероризам“, кои наводно под диригенстка палка на Иранската Револуционерна гарда ја снабдуваат Сирија со нафта, чија вредност достигнува стотици милиони долари , крешјќи ги на тој начин американските санкции, пренесуваат американските медиуми.

„Единствена надеж за ублажување на американскиот економски тероризам (санкциите) е конечно да се ослободите од омразата“, додаде Зариф на својот твит.

Иран од мај годинава почна со намалување на почитувањето на нуклеарниот договор од 2015 година, што има за цел да изврши притисок врз европските земји да влезат во пакт за иранската економија да се заштити од американските санкции.

Иранските власти вчера соопштија дека во петок дополнително ќе го прекршат договорот, пренесуваат американските медиуми.