Заразени 225 лица, починаа осуммина

Фото: Б. Грданоски
И денеска бројката на нови инфекции е над двесте. Во последните 24 часа се направени 1.841 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на Ковид-19 соопшти Министерството за здравство. Бројот на новите инфекции во Скопје намина сто. Според градови ситуацијата со новите инфекции е ваква.
-Скопје 120
-Куманово 10
-Штип 8
-Прилеп 15
-Тетово 17
-Струга 6
-Битола 7
-Охрид 4
-Гостивар 1
-Гевгелија 3
-Струмица 13
-Крива Паланка 2
-Кочани 6
-Пробиштип 2
-Берово 3
-Виница 1
-Делчево 1
-Свети Николе 3
-Кичево 2
-Неготино 1
Починаа осум лица, два пациенти од Скопје (75 и 68), три пациенти од Гостивар (82, 68 и 65.), од Кочани (69.), од Струга (78) и Струмица (64).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти:
-Скопје 56
-Куманово 13
-Прилеп 10
-Тетово 10
-Струга 2
-Битола 3
-Охрид 1
-Кавадарци 2
-Гостивар 9,
-Гевгелија 2
-Струмица 14
-Крива Паланка 3
-Радовиш 2
-Кочани 14
-Пробиштип 2
-Македонски Брод 1
-Берово 2
-Делчево 1
-Свети Николе 4
-Кичево 7
-Неготино 1
Досега во земјата се направени вкупно 197.382 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19.096, бројката на оздравени пациенти е 15.645, на починати е 768, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.683.