Заразата во Пекинг е „екстремно сериозна“, велат властите


Властите во Пекинг го опишаа појавувањето на заразата со корона вирусот во градот како „екстремно сериозно“, бидејќи се појавија десетици случаи и патувањето од градот беше ограничено.

Дополнителни населби беа ставени во карантин во вторникот, со безбедносни контролни пунктови поставени на станбените блокови, а лицата со висок ризик – како блиски контакти со луѓе кои се тестирани позитивно – се спречени да го напуштат градот.

„Епидемиската состојба во главниот град е исклучително тешка“, предупреди портпаролот на градот Пекинг, Ши Хеџијан, на прес-конференција. „Сега треба да преземеме строги мерки за да престане ширењето на Ковид-19“.

Повеќе од 20 квартови во кинеската престолнина сега се означени како делови со среден ризик, што значи дека властите можат да воведат построги ограничувања на движењето на луѓето и автомобилите и можат да вршат проверки на температурата. Здравствените власти соопштија дека на затворените квартови и на луѓето во карантин ќе им бидат доставени храна и лекови.