Заради коронавирусот најбогатите луѓе во светот за една недела загубија 444 милијарди долари

САД – Поради сериозниот пад на вредноста на акциите на светските берзи заради коронавирусот вкупната сума со која 500-те најбогати луѓе на планетата неделава беа „олеснети“ изнесува 444 милијарди долари, јави агенцијата Блумберг.

Според анализата на агенцијата, тројцата најбогати луѓе во светот: извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, и генералниот менаџер на француската групација ЛВМХ (Луис Витон, Мое, Хенеси ), Бернар Арно, претрпеле најголеми загуби. Според проценките на агенцијата, нивната состојба на сметките е намалена за околу 30 милијарди долари.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, 25-ти во ранкингот на најбогати луѓе на планетата, неделава загубил  девет милијарди долари, по падот на вредноста на неговите акции.

Според „Вол Стрит Џорнал“ последната недела се претвори во најнесреќната за американскиот берзански пазар по финансиската криза од 2008 година. Падот на индексот Дау Џонс за оваа недела изнесуваше 12.4 отсто, на S&P 500 е 11.5 отсто, на Насдак е 10.5 отсто.

Истовремено котирањата на акциите на повеќе од 95 отсто од компаниите, претставени на листата на индексот S&P 500, паднаа за повеќе од 10 отсто во однос на претходно постигнатите максимуми.