Заради еден позитивен случај во кинески Кашгар почна масовно тестирање

Кина повторно спроведе масовно тестирање на цел град на корона вирус, откако беше потврден еден позитивен случај во Кашгар, во провинцијата Џинјианг.

Досега се пронајдени 138 лица заразени со корона вирус, а се работи за случаи без симптоми. Кина главно е успешна во намалувањето на бројот заразени, но и понатаму има благо зголемување.

Џинјианг е дом на кинеската главно муслиманско ујгурко малцинство за кое организациите за заштита на човековите права тврдат дека ги прогонува владата во Пекинг.

Училиштата во Кашгар се затворени, а на жителите не им е дозволено да го напуштаат градот без негативен тест на корона.

Првиот случај на зараза во Кашгар била жена која немала симптоми, а откриено е дека е позитивна во тек на рутинско тестирање. Тоа бил првиот случај во Кина во последните десет дена.

Масовно тестирање почна во саботата, а до неделата беа направени 2,8 милиони тестови.