„Зара“ затвора продавници во Србија? Модниот гигант го менува концептот на работење


Модната компанија Зара најави нов стратешки потег што го покрена прашањето дали оваа компанија затвора неколку продавници за малопродажба во Србија.

Имено, компанијата испратил соопштение до купувачите дека затвора неколку објекти во Србија, пишува „Телеграф бизнис“, пренесува „Блиц“.

Како што понатаму се наведува, поради тоа нудат онлајн распродажби со попусти до 80 отсто.

Како што е посочено во документот испратен до клиентите, компанијата во Србија ќе го смени концептот на деловно работење.

„Поради затворањето на неколку продавници во Србија, во тек е голема продажба на Интернет“, се вели во пораката до потрошувачите.

Како што пишуваше „Блиц бизнис“, слична стратегија најави и H&M.