„Запрете, момци! Запрете!“ – драматично видео од еден напад на полицијата во Белорусија

 

Она што пошироката јавност во Европа го гледа за случувањата во Белорусија и особено суровоста во постапувањето на безбедносните служби е само мал дел од драматичните настани во оваа земја, каде голем број од нејзините жители се кренаа против фалсификуваните претседателски избори на 9 август. Протестите траат без прекин веќе еден месец, не само во главниот град Минск, туку и во другите поголеми и помали градови, како Витебск, Гродно, Брест…

Драматичното видео што се појави пред некој ден, на кое се гледаат белоруските безбедносни сили како напаѓаат автомобил со руски таблички во Минск на неверојатен начин ја опишува бруталноста на полицијата опремена со штитови. Полициските сили го искршиле автомобилот со руски регистерски таблички со палки, а возачот и сопатникот биле извлечени од возилото. Возачот беше осуден на 25 дена затвор. Запрепастувачка е бестијалноста на нападот.