Започна Самитот на ЕУ за Западен Балкан


Започна Самитот на ЕУ за Западен Балкан, Загреб 2020, кој оваа година се одржува со видео конференција.Овој Самит ја потврдува определбата на ЕУ дека регионот е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за Европска унија.

Самитот во Загреб е симболичен бидејќи точно пред 20 години исто така во овој град беше одржан првиот од серијата самити на кои се отвори европската перспектива за земјите од регионот.

Премиерот Оливер Спасовски на партнерите од ЕУ ќе им порача дека Северна Македонија е подготвена заедно со Европската Комисија и Европскиот Совет да ја закажеме првата меѓувладина конференција за да го отпочнеме преговарачкиот процес согласно новата методологија.

Самитот на ЕУ за Западен Балкан Загреб 2020 се одржува за време на пандемијата од КОВИД-19, но донесе и нешто позитивно – јасно ја покажа солидарноста на ЕУ за итна поддршка за здравствениот сектор и со финансискиот пакет за соочување со социо-економските последици, и тоа ја прави Европската унија единствена и посебна и посакуван дом и за нашите граѓани.