Започна реконструкцијата на улицата „Перо Наков“


 

Улицата „Перо Наков“ која што е повеќедецениски проблем за граѓаните и за сите оние коишто транзитираат на овој потег во Општината Гази Баба, ќе биде целосно реконструрана.

Проектот го, најави градоначланичката на Град Скопје Данела Арсовска, која посочи дека ќе се реконструираат точно околу два километри од оваа улица која во моментов е вели, во катастрофална состојба. Реконструкцијата следи на барање на граѓаните кои живеат и гравитираат околу месните заедници „Кирил Петрушевски“, „Триангла“ и „Маџари 1“.

-Сметам дека за над 10 илјади граѓани кои секојдневно транзитираат на овој потег, ќе овозможиме не само да се движат по коловоз којшто е соодветен на условите коишто граѓаните ги бараат за работа и живот во 21 век, меѓутоа едновремено и кое што е важно за нас и истовремено е еден од врвните приоритети, да се движат сигурно и безбедно по градските коловози, рече Арсовска по повод започнувњето на градежните активности за реконструкција на улицата Перо Наков.

Покрај целосната реконструкција на улицата, ќе следи и збогатување на целиот потег со соодветно зеленило, како и целосна реконструкција на автобуските постројки коишто се наоѓаат на овој потег.