Запленети 50 килограми марихуана скриени под седиште


Царински инспектори од мобилните тимови вчера запленија 51 килограм марихуана на граничниот премин Богородица, на излез од Македонија.

Татко и син од Албанија се обиделе да ја пренесат дрогата од Албанија, преку Македонија и Грција и да ја продадат на нарко пазарот во Турција. Дрогата била скриена под задното седиште од возилото „опел“ со албански регистерски таблици.

Двајцата криумчари тврделе дека дрогата била наменета за грчкиот пазар, но според оперативните сознанија на Царинската управа, марихуаната која во Албанија била купена за 200 евра, во Турција требало да биде продадена по цена која се движи од 14.000 до 180.000 евра.

Автомобилот влегол во Македонија преку граничниот премин Ќафасан, таму не ги откриле, но сепак биле откриени при излезот од Македонија. Против нив е поднесна кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.