Запален 20 тонски камион товарен со плин, брзата реакција на пожарникари спречи катастрофа


Се запали  20-тонски камион товарен со плин на патот Росоман-Кавадарци. Брзата реакција на пожарникарите спречи голема катастрофа, изјави за МИА Александар Чадамов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

-Камионот бил во движење, помош побара возачот. На лице место бевме за само три-четири минути и навремено реагиравме и спречивме поголеми последици и штети, рече Чадамов.