Заменете ги канцеларијата и градот со планина


Поради пандемијата се пронајдоа нови форми на работа. Работата повеќе не е врзана за една иста локација. Овој начин на работа овозможи секој да работи и да ужива, речиси, во исто време.

Работа и одмор во едно е новиот светски тренд кој може да го уживате и кај нас. Ресорт Маврово обезбедува нови услови за работен престој на сите дигитални номади, фриленсери, претприемачи или секој кој што сака да ја замени домашната или канцелариската работа со работа на планина.

Преку понудата Workation секој може да ужива во планинската тишина, да скија или бесплатно да научи да скија заедно со школата на снежни спортови „Ски Авантура“, да се исклучи од секојдневието, да ја вкуси мавровската храна и покрај сето ова и да работи. Понудата нуди и семеен пакет со кој може да уживате во убавините на Маврово заедно со вашето семејство. Додека другите членови од семејството скијаат или се занимаваат со другите содржини, вие може непречено да работите во просториите кои ви ги нуди Ресорт Маврово.

 

„Оваа е одлична прилика секоја компанија да им обезбеди активен одмор на своите вработени и на тој начин да ги мотивира поуспешно и пофокусирано да ги извршуваат своите работни задачи. Ресорт Маврово нуди „нов“ тип на канцеларија“,- вели Огњан Циговски, директорот на Ресорт Маврово.

Престојот во хотелите Бистра или Спорт на Ресорт Маврово претставува можност за помалку физички контакт со луѓето, држење дистанца, уживање во чист воздух и низа други поволности.