Заложниците на Хамас пред ослободувањето поминале „забрзана рехабилитација“

Израелските медиуми денеска објавија дека Хамас наводно спроведувал процес на „забрзана рехабилитација“ на заложниците пред нивното ослободување.
На заложниците им била давана нутритивна храна и стимулативни средства непосредно пред ослободувањето со цел да се создаде впечаток дека биле добро третирани.
Но, ослободените заложници тврдат дека биле држени во тешки услови, во тунели и кафези, дека пиеле морска вода и јаделе само леб и ориз.