Заложничка криза во Москва, напаѓачот се заканува со експлозија

Непознат напаѓач зел заложници во стан во северниот дел на Москва и се закаува дека ќе активира експлозивни направи, јавија руските медиуми повикувајќи се на извор од службите за итни случаи.

– Непознато лице држи заложници во еден стан. Напаѓачот тврди дека има експлозивни направи и планира да ги активира, изјавил неименуван извор за руските медиуми.