Заливање на пукнатините во асфалтот на градските сообраќајници


Екипите на ЈП Улици и патишта во текот на ноќните часови активно работат на заливање на пукнатините во асфалтот на градските сообраќајници, користејќи фугобит.

Изминатиов месец санирани се пукнатините на бул. „Метрополит Теодосиј Гологанов“, бул. „Кочо Рацин“ кај ОУ„ Димитар Миладинов“ бул. „Илинден“, бул. „Партизански одреди“, бул. „АСНОМ“ и ул. „Ѓорче Петров“ кај пазарчето.

Заливањето на оштетувањата во асфалтот продолжува на останатите градски улици и булевари и во наредните денови.