Закрепнувањето на еврозоната го губи здивот


За сега е познато дека ќе се скратат не повеќе од 78 милиони евра од Буџетот и дека третиот пакет мерки ќе изнесува околу 200 милиони евра, во вид на директна помош за граѓаните и за таргетирани стопански сектори. За кратење на платите на администрацијата нема консензус.

Економското закрепнување на еврозоната покажува извесен степен на застој во август, особено кога станува збор за секторот на услуги, се вели во новото истражување за на ИХС Маркит.

Индексот на менаџери за набавки (PMI), кој се смета за добар параметар на здравјето на економијата, потона на 51,6 поени во август, од 54,9 во јули.

Иако сè уште е над 50, што е граница што го одделува економскиот раст од контракција, тој е под прогнозите од анкетата на Ројтерс, пренесува Бизниснифо.

Таа анкета предвидуваше дека нема да има промени.

„Закрепнувањето на еврозоната изгуби сила во август, како резултат на слабата побарувачка предизвикана од пандемијата КОВИД-19“, изјави Ендру Харкер, економски директор на IHS Markit.

Владите ширум светот, со цел да го спречат ширењето на вирусот, кој зарази над 22,5 милиони луѓе, воведоа строги ограничувања принудувајќи ги компаниите да се затворат, а граѓаните да останат дома, со што речиси запре економската активност.

Откако многу од овие ограничувања беа олеснети, активноста на еврозоната во јули се забрза со најбрзо темпо од средината на 2018 година.