Skip to content

14/03/2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Пребарај
Независен Весник
Пребарај
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Заклучоците за Северна Македонија постојано се менуваат, конечната одлука кај ЕУ министрите

14/06/2019 14:01

Белгија- Амбасадорите на земјите членки на ЕУ се во постојан контакт и разговараат за заклучоците за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија, а не се исклучени нови состаноци во текот на овој викенд.

Со оглед на политичката чувствителност на прашањето, конечната одлука ќе ја донесат министрите за надворешни работи на ЕУ во вторник, брифираат од Советот на ЕУ.

За сега на амбасадорско ниво се произведуваат редовно нови нацрт-заклучоци за претстојниот министерски совет во вторник.

– Последната верзија за Северна Македонија и за Албанија гласи дека земјите членки на ЕУ ќе се навратат на прашањето со изгледи за носење позитивна одлука во најкус можен рок и не подоцна од септември 2019.

Според дипломати присутни на амбасадорскиот состанок во средата во Брисел, „огромно мнозинство“ земји членки сакаат да видат позитивни заклучоци, посебно за Северна Македонија, на Советот на 18-ти јуни во Луксембург, но разликите во ставовите сѐ уште не се надминати.

-Во овој момент се дискутира за тоа како да му се пристапи на ова прашање, а воедно да се земе предвид германскиот Парламент кој има свои рокови, и пробуваме да имаме некаков исход, и него што подобро да го изменаџираме, велат извори во Советот на ЕУ , коментирајќи ги наводите на други дипломати кои не ја исклучуваат можноста, поради отсуство на консензус, да се одложи дебатата за проширувањето најрано на следниот месец.

Романското претседателство има обврска да ги следи ланските заклучоци во кои министрите се заложија да се навратат на ова прашање на Советот за општи работи овој месец, објаснуваат дипломатите.

-Имаме рок да се навратиме на ова во јуни и да донесеме одлука за следните чекори и за извештаите на Европската Комисија, има дискусии сега во Бундестагот  за зелено светло за преговори со Албанија и Северна Македонија, велат од романското претседателство.

Во овој момент, „повеќе опции се на маса“, но детали слабо протекуваат, иако никој не ја негира, но не ја ни потврдува, можноста од одвојување на Скопје и Тирана во конечните заклучоци во вторник во Луксембург.

-Постои признание дека има разлики помеѓу двете земји, вели еден дипломат за МИА, но за сега во нацртите не се одвојуваат, додаваат од Советот.

Разликите се темелат пред сѐ на самите наоди на Европската Комисија во последните извештаи за напредокот на земјите од регионот, каде за Албанија, и покрај препораката за почеток на преговори, се констатираат сѐ уште одредени слабости, како отсуството на политички дијалог и недоволни напори во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Земјите-членки се исто така свесни дека Северна Македонија е во посебна положба поради склучувањето и ратификацијата на Преспанскиот договор, кој мора да биде награден на некаков начин.

И покрај отпорот на одредени земји членки, дипломати брифираат дека одвојувањето на Тирана и Скопје останува можна опција, веќе во јуни или јули, посебно откако холандскиот Парламент пред неколку дена гласаше против датум за преговори со Албанија, но не и со Северна Македонија.

По гаранциите добиени од страна на германската канцеларка Ангела Меркел вчера на средбата со премиерот Зоран Заев во Берлин, се врати надежта дека веќе во јуни е можно да се издејствува сериозен политички сигнал за датумот за преговори.

-Оваа средба и оваа порака на Меркел е многу важен сигнал, и доаѓаат по состанокот на амбасадорите, така што би можеле да видиме ново придвижување во наредните денови, не се исклучува можноста од нова вонредна амбасадорска средба во текот на овој викенд на оваа тема, вели дипломатски извор во Советот.

Една од варијантите за заклучокот во јуни, за која притискаат неколку земји членки, е да се даде гаранција за почеток на процесот на преговори и да и се додели мандат на Европската Комисија за изготвување на преговарачката рамка, опција која минатата година беше експресно отфрлена од страна на Франција.

Доколку на 18-ти јуни земјите членки постигнат консензус за ваков заклучок во кој се споменува изготвување на преговарачка рамка со Македонија, и евентуално одржувањето на првата меѓувладина конференција (која го означува стартот на преговорите), тоа би било недвосмислена порака дека Северна Македонија влегува во преговарачкиот процес со ЕУ со јасна перспектива, сметаат поддржувачите на проширувањето во Брисел.

Останува дека отпорот од Франција не е сосема надминат, сметаат дипломати од земја членка сосед на Северна Македонија, и претстојниот Совет за општи работи во вторник во Луксембург би можел повторно да се претвори во долга и макотрпна рунда преговори помеѓу министрите на Унијата. (МИА)

ReplyForward


Поврзани содржини

САД нудат награда до 10 милиони долари за информации за Моџтаба Хамнеи и други високи ирански функционери
13/03/2026 20:03
Велковски на ФБ: Во подготовка итни законски измени за подобрување на системот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство
13/03/2026 18:03
Ивана му препишала дел од станот на Стојанче, па тој почнал физички и психички да ја малтретира
13/03/2026 15:03
За викендот облачно со сончеви периоди, попладне со услови за повремен дожд
13/03/2026 14:03

Јаневска: Речиси 56 отсто од населението е финансиски писмено, преку изборни предмети ќе се подобрува состојбата
13/03/2026 14:03
Кочани и Кран-Монтана: Мицкоски тврди дека Македонија подобро реагирала од Швајцарија
13/03/2026 14:03
Чувар и уште две лица вдишале чад од пожарот во пречистителната во Мојанци
13/03/2026 13:03
Финансова поднесе кривична против екс директорот на „Комунална“ Сабахадин Рустеми: Ангажирал познаници за работи што не очекувал да ги извршат
13/03/2026 13:03

Најчитани


  • Почнаа редици на бензинските пумпи: Од утре еден резервоар со дизел ќе чини 725 денари поскапо (видео)
    09/03/2026 14:23
  • Колку добива државата од литар продаден бензин и дизел?
    09/03/2026 17:30
  • Амбасадорот Габер до министерот Николоски: „Не откажувајте се од тунелот кај Гостивар. Тој се гради еднаш во векот“
    10/03/2026 11:54
  • Саудиска Арабија предупредува на „катастрофа“ ако Ормутскиот теснец остане затворен
    10/03/2026 15:51
  • Средното полициско образование се возобновува по 26 години, ќе се запишат околу 200 ученици, МВР со инвестиции во Центарот за обука
    07/03/2026 10:40
  • Гори голема кула во Кувајт. Трамп би можел да испрати специјалци да го запленат иранскиот ураниум
    08/03/2026 10:27

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење