Заканите за запленување на имотот го вратија Мијалков?
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков цело време бил во Скопје и бил сместен во стан каде најверојатно го однел член на неговото обезбедување со возило кое вчера беше донесено во полициска станица и врз кое се вршеа проверки, пишува „Фокус“.
Според неофицијални информации Мијалков добил дојава оти членови на неговото семејство и на неговото обезбедување ќе се соочат со одговорност за помагање во неговото бегство, еден час пред да одлучи да се предаде. Покрај тоа Мијалков дознал дека сметките на членови на неговото семејство и на нивни компании ќе бидат блокирани, движниот имот ќе биде запечатен, а недвижниот имот пломбиран, што го натерало да се појави во обвинителството и да го подигне решението со кое му се определува куќен притвор.
Мијалков во изјава за ТВ 24 негираше дека бегал, тврдејќи дека бил болен со симптоми на вирусот Ковид-19, па поради тоа се изолирал, иако во ноември отсуствуваше од судење бидејќи прати потврда дека е заболен.