Закана за бомби во јавниот превоз во Белград


Од службата за информирање на Министерството за внатрешни работи на Србија за Бета потврдија дека денеска околу 10.30 часот полицијата била известена дека до ЈКП „ГСП Београд“ пристигнала порака по електронски пат дека во нивни возила се поставени „експлозивни направи“.

Во таа служба истакнаа дека контрадиверзантските единици веднаш излегле на терен и дека се проверува заканата.

Од службата за информирање не прецизираа за колку возила и за кои градски транспортни линии се однесува заканата.