Зајкова ќе раководи со Мрежата на либерали и демократи од Југоисточна Европа
Покрај редовните активности на мрежата, главни приоритети во мандатот на претседавањето на Моника Зајкова ќе бидат проширувањето на Европската Унија со целосно интегрирана Југоисточна Европа, кое ќе се постигне преку носење на креативни и либерални решенија за подобрен квалитет на живот, задржување на младите умови дома, во регионот и развој на домашната економија преку иновации и заедничка соработка, како и зајакнување на позициите на членките на ЛИБСЕЕН и на АЛДЕ.
Либералната мрежа на Југоисточна Европа (LIBSEEN) ги обединува либералните политички партии во регионот и дава придонес за развојот на регионот преку спроведување на либерални политики во политичките системи на земјите од Југоисточна Европа.
Моника Зајкова е дел и од бордот на АЛДЕ групата (Алијанса на либерали и демократи за Европа), и во координација со Рењу Јуроп – групата (Renew Europe), каде членови се и Каја Калас, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европа и Марта Кос, Европскиот комесар за проширување.